УХМР објави мапа: Силно невреме попладнево во овие македонски градови

Во моментов невреме проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер е активно во подрачјата северно од Штип, Гостивар и Македонски Брод.

Според информациите, нестабилниот систем се движи од север кон југ, па во наредниот период се очекува да зафати и други подрачја долж својата траекторија.

Локално се можни поинтензивни врнежи, електрични празнења и засилени налети на ветер.

На граѓаните им се препорачува претпазливост при движење и следење на најновите временски информации.