Тешка сообраќајна несреќа – првични информации

Автомобил излетал од коловозот на автопатот Тетово–Скопје, поради што сообраќајот во моментов се одвива само по една сообраќајна лента.

Според првичните информации, на местото на несреќата е запрен и камион, но засега не е познато дали дошло до контакт меѓу него и автомобилот што излетал од патот.

На местото се запрени и повеќе возила кои се движеле пред и зад автомобилот што учествувал во несреќата.