Тешка сообраќајна несреќа се случила вчераутро на крстосницата меѓу улиците „Благоја Стефковски“ и „Петре Филиповски-Гарката“ во Скопје, при што тешко е повреден 22-годишен мотоциклист.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила околу 8:30 часот и во неа учествувале патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 71-годишниот М.П. од Скопје, и мопед со скопски регистарски ознаки, кој го управувал Х.Р. (22) од село Инџиково
Во судирот, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, додека неговиот сопатник З.А. (20) од Скопје се здобил со телесни повреди. Повредите им биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.

