Невреме во Македонија со врнежи од град – УХМР со најнова вест

Времето денеска (20 јули) ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец, а дневната температура ќе се движи од 16 до 40 степени.

Во попладневните часови се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На одделни места ќе има услови за краткотрајно невреме со појава на град.

Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност.

Попладне, во поединечни делови од котлината, се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално се можни и краткотрајни невремиња.