Прес-конференција на СДСМ:
На денешната седница на Советот на Општина Штип, мнозинството во Советот на Општина Штип, предводено од ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за нов удар врз семејните буџети на граѓаните.
Наместо да понудат подобри услуги и поодговорно управување, тие повторно ја избраа најлесната мерка – поскапување на давачките што ги плаќаат граѓаните.
Со донесената одлука:
Услугата за собирање смет поскапува за 35%;
Услугата за пристап и користење на комуналната инфраструктура на гробиштата и придружните објекти за операторите на погребни услуги се зголемува за 100%.
Образложението е дека ЈП „Исар“ нема финансиска исплатливост.
Па затоа, поставуваме јасно прашање:
– Дали граѓаните треба да ја плаќаат цената за неспособното раководење на ЈП „Исар“ Штип![]()
Во време кога семејствата едвај врзуваат крај со крај, кога трошоците за живот постојано растат, а платите остануваат исти, локалната власт повторно им става нов товар на грбот на граѓаните.
Пред само неколку седници, членовите на Управниот и Надзорниот одбор на ЈП „Исар“ си ги зголемија паушалите. Денес со ова ново зголемување на цените на услугите, повеќе од очигледно е дека партиските апетити на членовите на управните и надзоните одбори во јавното претпријатие, за жал ќе ги плаќаат граќаните.
Тоа значи – поскапи сметки за граѓаните, а повеќе пари за партиските послушници во управните и надзорните одбори.
Во исто време, Штип секојдневно се соочува со преполни контејнери и проблеми со собирањето на отпадот, а прекините во водоснабдувањето станаа речиси секојдневие.
Наместо да ги подобри услугите што им ги нуди на граѓаните, раководството на ЈП „Исар“ одлучи да ги поскапи![]()
И покрај тоа што ова јавно претпријатие во изминатиот период добиваше неколку кратни милионски суми финансиска помош од Општина Штип, денес повторно се соочува со сериозна финансиска состојба.
Тоа отвора едно суштинско прашање: каде завршија парите и зошто, и покрај финансиската поддршка од страна на општината, и покрај поголемите приходи по основ на покачени давачки кон граѓаните, претпријатието не е стабилизирано?
Очигледно е дека градоначалникот,директорот и менаџментот не успеваат да обезбедат ефикасно и одговорно управување со претпријатието. Наместо одговорност за лошото работење, товарот повторно се префрла врз граѓаните.
Граѓаните на Штип не заслужуваат повисоки сметки и полоши услуги.
Граѓаните заслужуваат отчетно, домаќинско и професионално управување со јавните претпријатија.

