Тешка сообраќајна несреќа во Македонија – има повредени

На 20 јули 2026 година во 03:15 часот во СВР Тетово била пријавена сообраќајна несреќа на регионалниот пат Јажинце–Тетово, во близина на село Порој.

Во несреќата учествувале патничко возило „Сеат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.Р. (55) од село Слатино, и патничко возило „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.Н. (39) од село Порој.

Од несреќата, двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница Тетово.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Тетово.