Денеска во Охрид почина Наум Бурназ, доајен на македонската опера и познат изведувач на староградски и забавни песни.
Како поранешен член на Операта при Македонскиот народен театар (МНТ) остави значаен белег во македонската музичка култура со антологиски изведби, меѓу кои и култната песна „1762 лето“ (Песна за патрикот) по текст на Григор Прличев.
Ти беше мојот идол. Поради тебе ја избрав музиката и пеењето и тргнав по тој пат. Никогаш нема да ги заборавам сите наши прекрасни спомени, макотрпната работа пред настапите и твоите совети, кои секогаш ми беа најважни. Неизмерно сум среќна и горда што имав таков прекрасен дедо. Нѐ напушти и ти, за да бидеш повторно заедно со нашиот најмил и непрежален татко“, објави неговата внука Мирјана Бурназ Кремшо, која продолжи по неговите стапки.
Бурназ почина по помалку од месец дена од смртта на неговиот син Петар, јавуваат домашните медиуми.

