Објавена најнова мапа: Еве во кој правец се движи невремето

Пороен дожд во моментов ги зафаќа подрачјата на Ресен, Битола и Демир Хисар.

Врнежите локално се поинтензивни, а на одделни места се проследени со грмежи.

Според моменталната радарска слика, нестабилната облачна маса се задржува над Пелагонискиот регион, при што во наредниот период се очекува врнежите повремено да продолжат, а локално да бидат со посилен интензитет.

До граѓаните се упатува препорака за внимателно движење во сообраќајот поради намалена видливост и можност за задржување на вода на коловозите, како и да ги следат најновите информации за временската состојба.