Силното невреме и ветерот што денеска го зафатија охридскиот регион создадоа големи бранови во Охридското Езеро.
Видеото кое го сподели познатиот метео прогнозер, Славчо Попоски ја покажува силата на временските непогоди што попладнево го зафатија овој дел од земјата.
Инаку снимката е направена од кампот Градиште.
Невремето направи и големи материјални штети.

