Претпладнево изби нов пожар во Македонија

Пожар избувна претпладнево во парк-шумата „Гази Баба“ во Скопје, а пожарникарите се на терен и интервенираат.

Белиот чад од местото е видлив од повеќе делови на Скопје.

Дирекцијата за заштита и спасување информира дека за пожарот веќе е информирана Противпожарната бригада на Град Скопје, која испратила пожарникари.