Македонија во тага: Ќерката на Гоце Тодоровски – Сашенка откри што точно се случило

Македонската јавност остана без еден од своите најголеми уметници. Почина легендарниот актер Гоце Тодоровски, чие име со децении беше синоним за врвна актерска игра, хумор и незаборавни улоги на театарската и телевизиската сцена.

Тажната вест ја потврди неговата ќерка Сашенка преку емотивна објава на социјалните мрежи.

„Го изгубивме, се предаде, почина. Фамилија Тодоровски ја објавува најтажната вест. После голема борба го напушти овој свет. Лесна ти земја, татко. Летај со ангелите“, напиша таа.

Тодоровски неодамна беше хоспитализиран на Одделот за хирургија во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, каде што ја водеше својата последна животна битка.

Со богата кариера исполнета со бројни театарски, телевизиски и филмски улоги, Гоце Тодоровски остави неизбришлива трага во македонската култура. Особено ќе остане запаметен по своите настапи во култната серија „Македонски народни приказни“, преку која стана омилен кај повеќе генерации гледачи.

Неговото заминување претставува голема загуба за македонската уметност, а неговото дело ќе продолжи да живее преку улогите што ги остави зад себе.

До семејството, пријателите, колегите и сите почитувачи на неговото творештво упатени се искрени изрази на сочувство.