Силно невреме попладнево го зафати подрачјето на Неготино и реонот западно од Кавадарци, каде што се регистрирани пороен дожд, засилен ветер, интензивни грмежи и локална појава на суградица.
Според моменталната состојба, нестабилниот облачен систем се движи кон исток, при што во наредниот период се очекува невремето да зафати и други подрачја долж неговата патека.
Во регионите кои ќе бидат погодени се можни интензивни врнежи од дожд, силни електрични празнења, засилени налети на ветер и локална појава на град.
Се препорачува граѓаните да бидат внимателни, да избегнуваат престој на отворено за време на грмежите и да ги заштитат возилата и земјоделските површини доколку постои опасност од град.
Возачите се повикуваат на зголемена претпазливост поради можност од намалена видливост и влажни коловози.


