УХМР утрово со најнова вест: Еве какво ќе биде времето денеска и во наредните денови

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена утринска облачност и слаб до умерен северозападен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен.

Утринските температури ќе се движат од 12 до 21 степен, додека дневните ќе достигнат од 30 до 35 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец, со температура до 33 степени.

Според прогнозата, од утре следува период на стабилно, сончево и топло време со мала локална облачност.

Во наредните денови се очекува постепен пораст на дневните температури.