Поранешниот премиер Никола Груевски преку својот профил на Фејсбук се прости од легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски, објавувајќи ретка фотографија од минатото.
Во описот на фотографијата, Груевски кратко напиша:
„In Memoriam
Гоце Тодоровски
Од некои дамнешни времиња…
Нека почива во мир!“
Објавата предизвика бројни реакции и коментари од граѓаните, кои со зборови на почит и сеќавања се простија од еден од најистакнатите македонски актери.
Фотографијата, која датира од пред многу години, претставува потсетник на едно минато време, а со неа Груевски му оддаде последна почит на Тодоровски, чиј придонес во македонската театарска, филмска и телевизиска сцена ќе остане трајно запаметен.


