Два силни земјотреси со јачина од 5,6 степени според Рихтер – еве каде е епицентарот

Два силни земјотреси, секој со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, денеска го погодија централниот дел на Перу, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Според достапните информации, епицентарот на двата потреса бил на длабочина од 154 километри.

Засега нема информации за повредени лица или за причинета материјална штета.

Очевидци, чии сведоштва се објавени на веб-страницата на EMSC, наведуваат дека потресите биле силно почувствувани и дека зградите видливо се треселе.