Утрово тешка сообраќајна несреќа – интервенирале и ТППЕ Кичево

Предмалку се случила тешка сообраќајна несреќа во близина на с.Другово кичевско, на магистралниот пат Кичево-Охрид, јавува Порта.мк

Порталот објави дека на повик интервенирале сите расположливи возила од Медицински центар, ОВР Кичево, но и ТППЕ Кичево, што дополнително укажува за сериозноста на сообраќајката.

Моментално сообраќајот се одвива отежнато по една коловозна лента и формирана е огромна колона, ОВР Кичево врши увид, додека за дополнителни информации за здравјето на учесниците немаме.

Наското повеќе детали.