Четиригодишно дете од Скопје се здобило со тешки телесни повреди откако било прегазено од автомобил на улица во Гостивар, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, сообраќајната несреќа се случила вчера околу 16 часот на улицата „Железничка“ во Гостивар.
Во детето удрило патничко возило „Форд Куга“ со швајцарски регистарски ознаки, управувано од Г.Џ. (35) од гостиварското село Чегране.
По укажаната прва медицинска помош, детето поради сериозноста на повредите било пренесено на лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар, а се работи на целосно расчистување на околностите под кои се случила сообраќајната незгода.

