ВИДЕО Вечерва изби нов голем пожар во Македонија

Пожар вечерва избувна во атарот на Плетвар, при што е зафатена сува вегетација.

Според првичните информации, огнот се шири на отворен простор, а на терен се очекува интервенција на надлежните противпожарни служби.

Засега нема информации дали пожарот претставува опасност за населени места или објекти.

На социјалните мрежи се појавија и видеоснимки од пожарот, на кои може да се забележат пламените јазици што се издигаат над зафатеното подрачје.

Надлежните институции апелираат до граѓаните да не се приближуваат до местото на пожарот и да ги следат официјалните информации. Доколку има нови детали за состојбата, јавноста ќе биде навремено информирана.