Двајца работници од компанијата „Сигнал Сомбор“, која поставува и одржува сообраќајна сигнализација, загинаа во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Шабац-Лозница.
Несреќата се случи кога камион што сообраќал од Шабац кон Лозница удри во возило од компанијата „Сигнал Сомбор“ и во работници кои беа на коловозот, каде што извршуваа работни задачи.
Двајцата работници починаа на местото на настанот. Сообраќајот на оваа делница е во прекин и се пренасочува кон стариот пат Шабац-Лозница.
На местото на несреќата се води истрага, по што ќе се знаат околностите под кои се случила несреќата. Полицијата го уапси возачот на камионот.




