Невреме во овие региони во Македонија – еве во кој правец се движи

Според најновата радарска слика, во моментов има нестабилни временски процеси во повеќе делови од Македонија.

На југозападот од земјата, во Преспанскиот регион, регистрирана е нестабилна облачност проследена со умерени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи.

Истовремено, во планинските подрачја на североисточна Македонија се развива нестабилна облачна маса која носи пороен дожд и грмежи.

Според моменталните податоци, облачните системи се движат од север кон југ, па во текот на следните часови можно е врнежите и грмежите да зафатат и други подрачја долж нивната траекторија.

На граѓаните им се препорачува внимателност при движење на отворено, особено во регионите каде што има појава на грмежи и интензивни врнежи од дожд.