ТРАГЕДИЈА денеска во МАКЕДОНИЈА: 19-годишно момче загина во страотна сообраќајка

Младо момче загина во сообраќајна несреќа попладнево во Бутел. 

– Денеска (07.08.2026) во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (46) и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Н.М. (19) од скопско, при што возачот на мотоциклот починал на местото на настанот, информираат од МВР за Скопје Инфо.

Надлежните се на терен каде што се врши увид.