УХМР објави МЕТЕО АЛАРМ за утре (сабота, 08.08.2026)

Времето утре ќе биде многу топло, па Управата за хидрометеоролошки работи ја стави целата држава во портокалова фаза. 

Според нивната прогноза утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа по должина на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Температурите ќе се движат од 15 степени наутро до 40 степени во текот на денотво јужниот дел од земјава.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.