Први снимки од сообраќајката меѓу камион и автомобил кај Гостивар

Сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило и камион попладнево се случила на патниот правец Гостивар – Стража.

Според првичните информации, засега нема информации за повредени лица. Полицијата е на терен и врши увид во местото на несреќата.

Поради сообраќајката, движењето на возилата на овој патен правец се одвива отежнато.

Повеќе информации за причините и околностите под кои се случила несреќата се очекуваат во текот на денот.