Денеска невреме во Македонија – еве во кои делови

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец.

Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 39 степени, јавува УХМР.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне до 38 степени.