ОГРОМНА ТАГА: Пријателите се простуваат од младиот Александар

Со огромна болка и неверување, Мери Николовска ја сподели тажната вест за смртта на нејзиниот сакан син, Александар Николовски.

„Нашиот непрежален син, Александар Николовски, го напушти овој свет и се пресели горе на небото, меѓу ангелите“, се вели во објавата на семејството.

Последното испраќање и оддавањето последна почит на Александар ќе се одржи во недела, 9 август 2026 година, со почеток во 15:00 часот, на Градските гробишта во Куманово.

Семејството ги повикува роднините, пријателите и сите кои го познаваа Александар да се придружат во последното испраќање и заедно да му оддадат почит.

Нека почива во мир, а споменот на него вечно да живее во срцата на неговите најблиски.