Страотна сообраќајна несреќа – едно лице го загуби животот

Денеска околу 17:10 часот, во Полициската станица Гостивар e пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на угостителски објект, се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале две возила, „пежо“ управувано од Н.С. (34) од Гостивар и „опел астра“ управувано од Ѓ.П. (63) од Скопје.

Во незгодата, доктор од Итната медицинска помош на лице место констатирал смрт кај возачот на возилото „опел астра“, Ѓ.П. (63).

Возачот на возилото „пежо“, Н.С. (34), се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентниот центар во Гостивар за укажување лекарска помош.

На местото на несреќата увид врши Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во содејство со екипа од ОВР Гостивар.