Шок и неверување: Почина Васко Томулевски

In memoriam

Васко Томулевски – човекот кој целиот свој живот го носеше Љубојно во срцето

Васко Томулевски ќе остане запаметен како една од најмаркантните човечки фигури со кои се идентификуваше Љубојно, човек кој целиот свој живот го афирмираше селото, неговата убавина, традиција и вредности.

Секогаш гласен и истраен кога требаше да се заштити она што му припаѓа на Љубојно, Томулевски беше и во првите редови на борбата против сечата на дрвјата во селото, бранејќи го природното богатство кое го сметаше за наследство што мора да им се остави на идните генерации.

За него Љубојно не беше само родно место, туку припадност, љубов и животна определба. Со неговото заминување, селото губи еден од своите најпрепознатливи ликови, но останува трагата на човек кој со децении беше негов искрен глас, чувар и промотор.

Васко Томулевски и Љубојно, две имиња кои долго ќе се споменуваат заедно.