ФОТО: Познат лекар загина во бизарна несреќа на летување – Трагедија го потресе регионот

Познатиот хрватски уролог Томислав Сориќ (56), долгогодишен раководител на Одделот за урологија во Општата болница во Задар, загина во несреќа во морето кај островот Иж.

Според информациите на хрватската полиција, лекарот скокнал во морето од пловило, по што бил повреден од пропелерот на моторот и се удавил.

Полицијата добила пријава околу 16:10 часот дека 56-годишен хрватски државјанин скокнал од брод и не се појавил на површината. Во потрагата веднаш се вклучиле полицијата и останатите итни служби, а само пет минути подоцна телото било пронајдено во морето, во истиот залив.

Обдукцијата, извршена по наредба на надлежното обвинителство, потврдила дека причината за смртта било давење, по претходната повреда предизвикана од пропелерот.

Полицијата случајот го третира како несреќен случај.

Сориќ бил роден во Задар во 1970 година, а Медицинскиот факултет во Загреб го завршил во 1995 година. Бил специјалист по урологија и супспецијалист по уролошка онкологија.

Од 2014 година бил на чело на Одделот за урологија во задарската болница, каде имал значаен придонес во развојот на лапароскопските и другите минимално инвазивни хируршки методи.

Покрај лекарската кариера, бил и вонреден професор на Одделот за здравствени студии при Универзитетот во Задар. Одделот под негово раководство годишно згрижувал околу 20.000 пациенти и изведувал приближно 1.000 операции.