Полицијата на нозе, исчезна 19-годишно момче

19-годишен жител на Тетово е пријавен за исчезнат, откако неговата 64-годишна баба пријавила дека се оддалечил од домот.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 11 август во 16:30 часот во СВР Тетово.

З.А. пријавила дека нејзиниот внук С.А. (19) го напуштил домот на 10 август и оттогаш не е пронајден.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки и активности за негово пронаоѓање.