Малолетна девојка по име Кристина од Охрид е пријавена за исчезната, информираат нејзини блиски.
Според објавените информации, последниот контакт со семејството го остварила вчера околу 16 часот. При излегувањето била облечена во црна маица и широки фармерки.
Случајот е пријавен и во полиција, а семејството апелира до сите кои можеби ја забележале или имаат каква било информација за нејзиното движење да помогнат.
Сите информации можат да се пријават на телефонските броеви 075 238 015 и 075 238 017, или во најблиската полициска станица.

