Според најновата карта објавена од УХМР, во текот на денот нестабилно време со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и локална појава на град се очекува во југоисточните и југозападните делови од Македонија.
На овие подрачја се можни поинтензивни временски процеси, со краткотрајни поројни врнежи и засилен ветер.
УХМР препорачува граѓаните да бидат внимателни и да ги следат најновите метеоролошки информации и предупредувања.


