Утрово страшна вест: Разорен земјотрес од 7,7 степени – еве каде е епицентарот

Најмалку 20 луѓе загинаа, шест се повредени, а две лица се водат како исчезнати по силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени што утрово ја погоди источна Индонезија.

Земјотресот го погоди подрачјето кај островот Флорес во 5:58 часот по локално време, на длабочина од околу 10 километри. Епицентарот се наоѓаше на 68 километри северно-северозападно од градот Енде во провинцијата Источна Нуса Тенгара, според податоците на Американскиот геолошки институт.

По главниот удар се регистрирани повеќе последователни потреси, меѓу кои и еден со магнитуда од 6,1 степени.

Земјотресот предизвика уривање и оштетување на објекти, а жителите во паника ја напуштија крајбрежната зона.

Одеднаш почна да се тресе и ме фати паника. Пациентите беа евакуирани од објектот откако на ѕидовите беа забележани пукнатини“, изјави Лукас Лотар, раководител на службата за управување со пациенти во една болница.

Поради плиткиот подморски земјотрес, властите издадоа предупредување за цунами за делови од провинциите Источна Нуса Тенгара, Западна Нуса Тенгара и Јужен Сулавеси. Се очекуваше брановите да достигнат височина од 0,5 до три метри.

На жителите во крајбрежните подрачја им беше наредено да се оддалечат од брегот и да се упатат кон повисоките места.