Тешка сообраќајна несреќа – има повредени

62-годишен возач од Скопје е тешко повреден во сообраќајна несреќа вчера на „Партизанска“. 

Според информациите до полицискиот билтен, вчера во 10:30 часот СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки,

управувано од 39-годишната М.Ј. од село Шишево, скопско и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(62) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.А., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.