Доцна синоќа драматична полициска акција

Акција за пронаоѓање на вооружени лица во НП Пелистер

На 12.08.2026(среда) некаде после 19:00 часот, после прибрани информации од различни извори од терен, од страна на ренџерската служба на ЈУНП Пелистер предводена од директорот Иванчо Тошевски во соработка со СВР Битола беше започната акција за пронаоѓање на вооружени лица со огнено оружје кои навлегле длабоко во територијата на НП Пелистер. Во потргата беа вклучени две патроли на НП Пелистер потпомогнати со полициски службеници од СВР Битола.

Двете патроли се движеа по тешко достапен терен(2000+мнв) во текот на ноќта, независно една од друга и имаа за цел да пристапат од различни страни т.е. од правец на с.Велушина и од правец на Инфоцентар до локација на која се наоѓаа вооружените лица согласно добиените информации. Некаде после 23:30 часот и повеќе од три часа пешачење, вооружените лица беа лоцирани во близина на локација Голема грива во зона на строга заштита. Од моментот на лоцирање на вооружените лица со сите понатамошни активности раководеа полициските службеници. Акцијата беше завршена во раните утрински часови во четири саатот наредниот ден на 13.08.2026(четврток) со спроведувањето на лицата до полициска станица.

Соработката на ЈУНП Пелистер и СВР Битола во насока на заштита и зачувување на природата е континуирана и затоа јавно се заблагодаруваме за поддршката која ја добиваме како установа, но и за високата професионалност на раководниот кадар и полициските службеници.

Теренот на кој се одвиваше потрагата е тешко достапен и тежок за контрола на ренџерската служба поради немање на соодветна инфраструктура за редовни патролни активности. Шумските патишта кои според сите стратешки документи на НП Пелистер требало да бидат клучни артерии за заштита на природата(противпожарна заштита и контрола на ренџерска служба) за жал биле оставени полека да пропаѓаат. Истите патишта се високо на агендата на активности на НП Пелистер и веќе се работи на нивно опоравување. Токму во тој дел на НП Пелистер каде е најголемата површина на строга заштита за жал од поединци се уште има обиди за незаконити активности, но во соработка со СВР Битола истите навремено ги спречуваме во нивните намери.
Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PH
Prespa Ohrid Nature Trust – PONT