Следува голема промена на времето – ЕВЕ КОГА

И денес повторно нè очекува претежно сончево и топло време. Температурите во делови од земјата ќе се искачат до околу 34 степени, додека утрото ќе биде значително попријатно, со температури околу 18 степени.

Во текот на денот ќе има мала до умерена облачност, а ветерот ќе биде слаб до умерен и главно од северен правец.

Во Скопската Котлина исто така се очекува топол ден, со максимална температура околу 30 степени.

Кон средината на неделата се зголемуваат условите за врнежи и нестабилност.

Прогнозите за следните денови покажуваат дека летото ќе продолжи, но со сè поголема веројатност за промени во времето, особено кон 18 и 19 август, кога се зголемуваат изгледите за врнежи и локална нестабилност.