Македонија згрозена: Ја принудувал сопругата на сексуални односи и вршел психичко и физичко малтретирање

Полицијата во Гостивар привела 45-годишен маж по пријава за физички напад врз неговата 35-годишна сопруга, а дополнително биле пријавени и други форми на насилство што, според пријавата, траеле подолг период.

МВР соопшти дека на 16 август 2026 година полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода И.Т. (45) од Гостивар. По пријавата за физички напад врз сопругата, кај него било измерено присуство на 1,01 промил алкохол во крвта.

Во текот на вечерта, жената дополнително пријавила дека И.Т., во подолг период и под дејство на алкохол, ја принудувал на сексуални односи, како и дека вршел психичко и физичко малтретирање врз неа и нивните деца.

По дополнителните наводи, во 23:55 часот бил извршен претрес во домот на И.Т., при што биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривично дело.

И.Т. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка. По целосното документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.