Добра вест за граѓаните кои учествуваат во системот „МојДДВ“ – Управата за јавни приходи денеска започна со реализација на исплатата на средствата за последното тримесечје.
Со исплатата се опфатени корисниците кои редовно скенираат фискални сметки преку апликацијата „МојДДВ“, со што продолжува реализацијата на мерката за поврат на дел од платениот ДДВ назад кај граѓаните.
Средствата се исплаќаат на трансакциските сметки на корисниците, согласно евидентираните податоци во системот.
За многумина ова е дополнителен приход кој доаѓа како резултат на редовното скенирање на фискалните сметки, а од УЈП потсетуваат дека граѓаните можат да продолжат со скенирањето и во наредниот период.

