На 17.08.2026 во 17:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, патничко возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки,
управувано од А.С.(20) од с.Слатино, тетовско, излетало од коловозот и удрило во И.Љ.(67) од Тетово, кој извршувал работни задачи во плац на правен субјект од Тетово.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.Љ., додека со телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник Е.И.(19) од с.Слатино, констатирани во болницата во Тетово, информира МВР.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.

