ТАЖНА ВЕСТ вечерва: Почина Драги Котевски

Почина Драги Котевски, човек кој веруваше во моќта на светиот камен на црквата „Св. Меркуриј“, јави локалниот портал „Апла.мк“.

Истиот медиум пишува дека Драги бил кум на неколку семејства кои имале среќа да ја почувствуваат чудотворната моќ на светата вода и каменот во манастирот во Барешани и да добијат свое чедо.

„Се простуваме од еден прекрасен човек со големо срце кој остави неизбришлива трага во животите на многу семејства. Не постојат доволно зборови со кои може да се опише неговата добрина. Тој беше човек кој секогаш знаеше да помогне, да охрабри и да донесе надеж таму каде што најмногу недостасуваше.

Со својата несебичност помогна на бројни семејства преку добрите дела што ги правеше во манастирот. Не бараше ништо за возврат – неговата најголема награда беше туѓата насмевка и чувството дека некому му го олеснил животот“, се наведува, меѓу другото, за Котевски.