ОГРОМНА ТАГА: Почина познатиот македонски музичар

Бугарската музичка сцена е во тага по веста за смртта на музичарот, продуцент и текстописец Бојан Христов, кој почина по долга борба со тешко онколошко заболување.

Веста за неговата смрт ја објави БГ Радио, од каде истакнаа дека станува збор за голема загуба за сите кои го познавале Христов и кои низ годините имале можност да се запознаат со неговиот талент.

Бојан Христов остави значајна трага во бугарската музика. Тој работеше како музички продуцент, текстописец, пејач, аранжер и вокален педагог, а во текот на кариерата соработувал со низа познати имиња од бугарската поп-сцена, меѓу кои Марија Илиева, Љубо Киров, Поли Генова, Хилда Казасян, Михаела Филева и Маријана Попова.

Христов бил роден во Пловдив во музичко семејство – неговата мајка била класичен музичар, додека неговиот татко свирел во музичка група.

Иако по образование бил актер, неговата најголема страст била музиката. Уште од млади години сакал да биде вклучен во целиот процес на создавање музички проекти – од пишување музика и аранжмани, до осмислување на концептот и начинот на кој артистот ќе биде претставен пред публиката.

Неговата смрт предизвика бројни реакции и тага меѓу пријателите, колегите и почитувачите на неговата работа.