Според фотографиите од местото на настанот, во несреќата учествувал патнички автомобил кој претрпел големи оштетувања, особено во предниот дел. Возилото подоцна било подигнато со шлеп-служба, објави 4news.mk
Од силината на ударот била урната и конструкција на автобуска постојка поставена покрај улицата, а на тротоарот и околу местото на несреќата останале расфрлани делови од возилото и од оштетениот објект.
Засега нема официјални информации за тоа како точно дошло до несреќата, ниту дали и колку лица се повредени.
Повеќе детали се очекуваат од Министерството за внатрешни работи.

