Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Утре и во сабота ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.
Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени.
Во недела и следните неколку денови во поладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, и засилен ветер.
Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.
Температурата ќе биде во постепено опаѓање.

