Тажната вест ја објавија од училиштето ООУ „Раде Кратовче“
Денес, со длабока тага ја примивме веста за смртта на нашиот долгогодишен наставник по ликовно образование, а сега пензиониран, Бранко Ристовски.
Наставник кој со својата посветеност и љубов кон ликовната уметност, цртањето, четката и бојата, остави неизбришлив белег во нашето училиште и во срцата на многу генерации ученици.
Ќе остане запаметен со почит, благодарност и убави спомени.
На семејството изразуваме искрено и длабоко сочувство.
Погребот ќе се одржи утре, 23.08.2026 година, во 13:00 часот, на Градските гробишта во Кочани.
Почивајте во мир, наставниче. ![]()
Колективот на ООУ „Раде Кратовче“ – Кочани

