Силен пожар беснее во Македонија – во близина има цистерни на „Макпетрол“ и бензинска пумпа

Пожарот во и околу каналот кој минува покрај Илинден во правец кон Белви предизвика загриженост, особено поради близината на инфраструктура со потенцијален ризик, објави 4news.mk

Според информациите од терен, огнот е во непосредна близина на цистерните на „Макпетрол“, а во близина се наоѓа и бензинска пумпа.

Загриженоста е дополнително зголемена бидејќи пожарот се шири низ простор со трска и сува трева, што може да придонесе за негово брзо напредување доколку условите се променат.

На состојбата реагираше и директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, кој информира дека пожарот гори претежно во трска и сува трева во и околу каналот.

„Пожар во и околу каналот кој минува покрај Арачиново во насока кон Белви. Гори претежно трска и сува трева во и околу каналот. БППЗ Скопје се на терен, имаат почетна контрола, засега нема опасност од неконтролирано ширење“, соопшти Ангелов.

Извор: 4news.mk