Градско со околината е зафатено со нестабилна облачност, проследена со пороен дожд и грмежи.
Нестабилната облачна маса постепено се движи кон подрачјето на Росоман, каде во наредниот период се очекува зголемена можност за врнежи, грмежи и засилен ветер.
Се препорачува внимателност при движење и следење на најновите временски информации.


