Невреме во Македонија – УХМР утрово со најнова вест

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во попладневните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Следува период на сончево и топло време. Попладне наместа ќе има изолирана појава на нестабилност со локален пороен дожд и грмежи.