Владата нема да го намали ДДВ-то за горивата, Мицкоски вели дека сме поевтини од Албанија

Дизелот ја надмина цената од 100 денари по литар, а премиерот Христијан Мицкоски на вчерашниот настан во УХМР на новинарско прашање дали ќе има намалување на ДДВ-то на горивата од страна на владата, одговори само дека „постои план и стратегија“.

– Ако ги споредиме цените со регионот, ќе видиме дека имаме за половина евро поевтино гориво од Албанија, за 35 центи е поевтино од тоа во Србија денеска, е од 35 до 50 центи по литар поевтино од сите држави во регионот, гласеше неговиот првичен коментар.

Мицкоски рече имало проценки кои велат дека оваа стостојба ќе потрае со години и дека не треба да се нарушува макроекономската стабилност. Додаде дека Македонија има ниска инфлација на месечно ниво.

– Имаме план, имаме стратегија, но за жал оваа состојба ќе потрае малку подолго од тоа што се предвидуваше, изјави премиерот.