Добра вест за голем дел од пензионерите во земјава.
Стопанска Банка АД – Скопје започна со известување на своите клиенти дека пензиите за месец август ќе бидат достапни на нивните сметки предвреме.
На адреса на пензионерите кои ги примаат своите месечни примања преку оваа банка деновиве пристигна СМС известување со точниот датум на исплата.
„Ве информираме дека исплатата на пензијата на Вашата платежна сметка ќе биде на 27.08.2026 година“, се наведува во СМС пораката испратена до корисниците.
Тоа значи дека пензионерите кои се клиенти на Стопанска Банка АД – Скопје ќе можат да располагаат со своите средства уште од 27 август, користејќи ги за подигнување готовина од банкоматите или за плаќање во трговската мрежа.
Пензионерите од останатите банки се советуваат да ги следат официјалните известувања од нивните матични банки, бидејќи датумите на исплата на пензиите може да се разликуваат.

