МЕТЕО АЛАРМ: Силно невреме доаѓа кон Македонија

Управата за хидрометеоролошки работи на својата официјална страна, издаде метео предупредување за денеска, 26.08.2026 година.

-Денес времето претпладне ќе биде сончево и топло. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град, соопштија од УХМР.

Во метео предупредивањето стои и дека во Скопје, денес во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи.