Денеска е важен празник – Ако го направите ова, се верува дека ќе ве следи благодат и среќа преку целата година

Македонската православна црква – Охридска архиепископија и нејзините верници денеска го одбележуваат споменот на Светиот маченик Иполит. Заедно со него, православниот календар слави уште неколку значителни светители и маченици, а меѓу нив и Свети Тихон Задонски, како и Преносот на моштите на Преподобен Максим Исповедник.

Свети Иполит бил воен началник и надзорник на затворот во Рим, воспитан во незнабожечки дух. Пресвртот во неговиот живот се случува кога царот му наредува да го чува затворениот архиѓакон Лаврентиј. Сведочејќи со свои очи како Лаврентиј му го враќа видот на слепиот Лукилиј и исцелува многумина болни, Иполит поверувал во Христа и побарал да биде крстен.

По крштевањето, Иполит го одвел Лаврентиј во својот дом, каде што архиѓаконот ги крстил сите 19 членови на неговото семејство, заедно со старата дадилка Конкордија. Кога Лаврентиј бил погубен, Иполит ноќе го земал неговото тело и чесно го погребал.

Поради ова, по наредба на царот Декиј, тој бил фатен, тепан со камења по устата и немилосрдно шибан.

Гледајќи дека тој не се откажува од верата, царот наредил да се доведат и сите негови домашни. Неговата дадилка Конкордија и останатите 18 членови на семејството беа погубени пред неговите очи, а на крајот самиот Иполит бил врзан за див коњ кој го влечел сѐ додека не ја предал душата на Бога.

Обичаи и верувања

Поради маченичката смрт на Иполит и неговото семејство, овој ден во народната традиција се смета за празник на секој дом во кој владаат мирот, љубовта и слогата.

Верувањето вели дека денеска семејствата треба заедно да посетат храмови, да запалат свеќа и да побараат здравје и заштита, а остатокот од денот да го поминат во заедништво.

Се верува дека тие домови ќе ги следи среќа во текот на целата година.

Денеска се чествуваат и Свети Тихон Задонски и Свети Максим Исповедник

Покрај Свети Иполит, денешниот духовен календар го одбележува и Свети Тихон Задонски, познат како еден од најголемите подвижници и чудотворци на православната црква, кој целата своја служба ја посветил на милосрдието и помагањето на сиромашните.

Исто така, МПЦ-ОА денеска го празнува и Преносот на моштите на Преподобен Максим Исповедник – големиот бранител на Православието кој претрпел неописливи страдања во борбата против монотелитската ерес.

Овој ден е празнува со молитва и посна трпеза, со потсетник на важноста од простувањето, трпението и љубовта кон ближните.